Maнчестер сити не го сака, а Де Брујн уште еднаш беше херој за „граѓаните“! (ВИДЕО)

Maнчестер сити благодарение на Кевин Де Брујн славеше победа над Вулвс со 1-0 и така освои нови важни бодови во борбата за место во Лигата на шампионите наредната сезона.

Моментот кој го одлучи натпреварот се случи во 35. минута кога Де Брујн го искористи додавањето од Доку и ја погоди мрежата за предност од 1-0.

Беа „граѓаните“ тимот кој создаде повеќе прилики до крајот на средбата, иако и Вулвс на моменти знаеше да се закани, сепак резултатот не се промени.

Манчестер сити сега е во серија од четири победи во низа со што дојде до 64 бода на третата позиција пред Њукасл со 62, додека Челси и Нотингем се со по 60 бодаа на петтата и шестата позиција.

Ќе потсетиме, Кевин Де Брујн на крајот од сезоната заминува од „Етихад“ откако и информираше дека клубот нема намера да му го продолжи договорот.

Фото: Manchester City/FB