Ѓорческа обезбеди полуфинале во двојки на фјучерсот во Грузија!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, заедно со Екатерине Горгодзе (Грузија) обезбеди пласман во полуфиналето фјучерс турнирот што се одржува во грузискиот град Лопота за вкупен награден фонд од 40.000 американски долари.

Таа со својата партнерка дуелот од четвртфиналето го решија во своја полза со убедлива победа против домашната тенисерка Зозија Кардава и Русинката Владислава Зверава (6-3, 6-3).

Ѓорческа и Горгодзе за место во финалето ќе се соочат со третите носителки на турнирот – Рутуја Босале од Индија и Пејџ Хуриган од Нов Зеланд, кои беа подобри од американската двојка Кајетано – Ли со 6-7, 6-3, 10-8.