Ѓоковиќ не сака во пензија: Можам повторно да играм на највисоко ниво!

Иако во последнио период е далеку од формата и нивото со кое играше во минатото, сепак Ѓоковиќ истакна дека верува во враќање победничките патеки.

Многумина во неговата фаза веројатно и ќе се помират со ситуацијата дека годините сите ги стигнуваат, меѓутоа српскиот ас истакна дека верува во враќање.

„Поголем дел од животот го поминав играјќи тенис и тоа го правам од најмали нози. Вложив многу во овој спорт и морам да признаам дека тоа се исплатеше. Во овој момент предизвикувачки ми е да играм на нвото на кое бев на највисоко ниво. Но, тоа не значи дека никогаш нема да бидам повторно на тоа ниво“, изјави Ѓоковиќ.

Турнирот во Рим ќе го пропушти,  шанса за својот 25-ти грен-слем ќе има од 25 мај до 8 јуни кога на програмата е Ролан Гарос.

„Тенисот е спорт во кој ви треба победнички менталитет. Никогаш не смеете да бидете задоволни, биддејќи кога ќе бидете, тогаш треба да го оставите рекетот на страна. Сепак, јас не се чувствувам како да ми е доста“, порача Новак.

Ќе потсетиме, Ѓоковиќ во овој момент е петти тенисер во светот и многумина веруваат дека до крајот на кариерата нема да успее да дојде до својата 25-та грен-слем титула.

Фото: Novak Djokovic/FB