
Младинските одбојкарски шампион(к)и ќе се крунисаат во „Јане Сандански“!
На турнирот ќе учествуваат вкупно осум екипи – по четири во двете конкуренции – кои преку полуфинални и финални натпревари ќе се борат за престижниот трофеј. Програмата започнува во сабота од 11 часот со првото полуфинале кај младинките, во кое ќе се соочат Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје. Следува второто полуфинале помеѓу Газели Волеј и Наковски Волеј (13.30 ч.). Натпреварувачкиот ден ќе заврши со мечот за третото место кај младинците, каде од 16 часот ќе играат Весна Пробиштип и Работнички.
В недела, од 11 часот се игра натпреварот за третото место кај младинките, по што следуваат двете големи финалиња. Најдобрите женски екипи ќе се борат за шампионската титула од 13.30 часот, додека машкото финале помеѓу Струмица и ГОК Борец е закажано за 16 часот.
Вратите од салата „Јане Сандански“ ќе бидат отворени, а сите натпревари ќе бидат емитувани во живо на програмата на МТВ-3.