Бундеслигашите нема да играат помеѓу себе на завршниот турнир од ЛШ!

Германските претставници Магдебург и Фуксе Берлин нема да се соочат еден со друг во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на шампионите, откако ждрепката во Келн ги распореди во различни страни на патот кон финалето.

Фуксе Берлин ќе игра против францускиот Нант, додека актуелниот европски првак Барселона ќе се сретне со Магдебург. Турнирот ќе се одржи на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арената“, каде четирите тима ќе се борат за врвот на европскиот клупски ракомет.

Ждрепката за сениорскиот Ф4 турнир следеше веднаш по формирањето на паровите за младинското издание, во кое учество ќе земе и Пелистер, кој, пак, на патот кон евентуалниот историски трофеј ќе го почне против данскиот ГОГ Гудме.

ФОТО: EPA PHOTO