
Дени Илиев добива конкуренција: Арсенал потпиша со „вундеркид“ од Естонија!
Карл Јакоб Хајн од Естонија има 16 години, но англиските медиуми веќе го претставија како „чудо од дете“ и голман со блескава иднина. Досега бранел во Номе Јунајтед, а сега ќе игра за тимот до 18 години на Арсенал.
Потпишал едногодишен договор за стипендија во Лондон и уште три години погоа професионален договор. Нашиот Дејан Илиев има договор со Арсенал до крајот на јуни оваа година, сепак неодамна самиот даде изјава дека треба да го продолжи со траење до 2020.
Арсенал со ова покажува дека ќе ја продолжи стратегијата да вложува во млади таленти, а аргумент за тоа е и односот со новиот тренер Унаи Емери. Тој нема одлучувачко право во трансферите и за тоа е задолжен Свен Мислинтат, кој дојде од Борусија Дортмунд токму со таа задача.