
Дејан Илиев уште две години во Арсенал!
Младиот голман, кој веќе пет години е дел од лондонскиот гигант бранеше стандардно за тимот до 23 години на „топчиите“ откако се врати на терените годинава по двегодишниот кошмарен период со повредите. Илиев за „Канал Вис“ потврди дека има понуда за нов двегодишен договор на „Емирати“.