По финалето: Рафални стрелби во Оклахома – еден ранет, полицијата окупира сѐ околу салата!

Екипата на Оклахома сити тандер ноќеска со триумфот во „мајсторката“ со Индијана првпат во историјата стана шампион во НБА лигата, но славјето пред салата „Пејком Центар“ беше нарушено од пукање во кое беше ранет еден маж.

Инцидентот се случил веднаш по натпреварот во близина на арената во Оклахома, каде илјадници навивачи го прославуваа големиот успех на својот тим. Повредениот бил итно пренесен во болница, а според првичните информации, не се наоѓа во животна опасност. Полицијата веднаш го обезбеди подрачјето околу салата и започна истрага за да го идентификува и пронајде сторителот. Според локалните медиуми, безбедносните сили останале на терен со засилено присуство.

На патот до титулата, тимот го предводеше Шеј Гилџес-Александер со 29 поени, 12 асистенции и 5 скока во финалниот натпревар, со што ја заслужи наградата МВП на финалето. Оклахома имаше доминантна сезона, со 68 победи во регуларниот дел и убедливи партии во плејофот. Единствена вистинска закана беше тимот на Денвер Нагетс со Никола Јокиќ, кој успеа да ја одведе серијата до седум натпревари, но не и до победа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Hoops Alerts (@hoopsalerts)