Борко Ристовски со фантастичен меч се збогува со Барселона (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски на фантастичен начин се збогува со шпанска Барселона, откако денеска запиша 13 одбрани во убедливата победа на шпанскиот шампион против Теукро со 45-25.

Барселона од поодамна е шампион во Шпанија, па денеска на последното коло, Ристовски доби урамен дрес со бројот 12, како спомен од Каталонците и благодарница за неговиот придонес во клубот.

Покрај Ристовски официјално од Барселона се простија и Виран Морос, Валеро Ривера и Алексис Боргес. Ристовски во Каталонија дојде од германски Рајн Некар Левен, а во кариерата бранеше во Германија и за Гумерсбах, во Франција за Кретеј, а во Шпанија уште за Теукро и Алгесирас.

Ристовски сега бара нов клуб, а најблиску е до заминување во Бенфика од Лисабон.