Најновата патека во Формула 1 изгледа - импресивно! (ВИДЕО)

Формула 1 во идната година ќе добие уште една трка, и таа градска, која најверојатно ќе биде и најатрактивна, затоа што ќе се вози во Мајами, а веќе е објавено видеото со објаснување како би изгледала трката во овој град на Флорида во САД.

Комисијата на градската власт во Мајами едногласно го изгласа предлогот за организација на трка во Ф1 по улиците на овој град и сега започнаа официјално преговорите со „октанскиот циркус“ околу финансиските детали за организација на гранприто.

Факт е дека околу финансиите нема да има никакви проблеми и Американците веднаш објавија како ќе изгледа таа спектакуларна трка, на која болидите на Хамилтон, Фетел, Рикиардо и останатите ќе возат и преку мост