Признание и од најголемиот конкурент: И јас гласав за Салах!

Мохамед Салах ја добри наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата за оваа сезона во избор на професионалните фудбалери во Англија. 

Трката беше помеѓу Еѓипќанецот и фудбалерот на Манчестер сити Кевин де Брајне. Белгиецот игра фантастична сезона и е еден од најзаслужните за шампионската титула на „граѓаните“. Сепак, кога е во прашање индивидуалната претстава сезонава и самиот Де Брајне призна дека наградата отиде во вистински раце.

„Гласав за Салах. Мислам дека заслужи“, вели фудбалерот на Сити. „Мислам дека тоа не е никој од нашиот тим, туку Салах целосно ја заслужи. Не знам навистина како би можел да гласам за некој друг освен Салах“, потенцираше Де Брајне за англиските медиуми.