Панатинаикос шокиран среде Атина, Реал Мадрид израмни на 1-1!
Домаќините добро го отворија натпреварот со 21-16 во првата четвртина, а на полувреме заминаа со предност од 40-36.
Сепак, натпреварот го реши третата четвртина, кога гостите од Мадрид направија разлика од 11 поени (21-32) и стигнаа до предност од 61-68.
Грците се обидуваа да направат нешто повеќе, но ниту добрата игра на Мајк Џејмс не беше доволна за пресврт до крајот на средбата, па Реал победи со 82-89.
Најдобар поединец во домашната екипа беше Џејмс со 20 постигнати поени додекај кај гостите најефикасен беше Фелипе Рејес со 18 поени, а Џејси Керол постигн 17.