Ескалација на нервозата: Фермин доби црвен картон од клупата

Необична ситуација го одбележа натпреварот меѓу Барселона и Виљареал, откако Фермин Лопез заработи директен црвен картон иако во тој момент веќе беше на клупата за резервни фудбалери.

Младиот шпански репрезентативец имаше важна улога во пресвртот на каталонскиот тим. Барселона губеше со 0-2 по само седум минути игра, но успеа да се врати во натпреварот, а токму Фермин го постигна голот за израмнување на 2-2. Тој беше заменет во 68. минута, кога на негово место влезе Дани Олмо.

Сепак, неговиот настап не заврши мирно. Додека седеше на клупата, Фермин бурно реагираше на една судиска одлука и бараше пенал по дуелот врз Ентони Гордон. Четвртиот судија го известил главниот арбитар Алехандро Ернандез Ернандез за протестите на фудбалерот, по што следуваше директен црвен картон.

Интересно е што телевизиските камери не го прикажаа моментот на покажување на црвениот картон, туку само заминувањето на Фермин кон соблекувалната. Реакцијата на клупата на Барселона продолжи и по исклучувањето. Ханси Флик жестоко протестираше поради одлуката на судијата, па и германскиот стратег доби жолт картон.

Фермин ќе го пропушти следниот натпревар на Барселона против Ла Коруња, а дополнително се очекува да биде позната и дисциплинската казна за неговото исклучување.