Најлошото сценарио се оствари: ПСЖ остана без уште една ѕвезда до крај на сезоната!

Најлошото сценарио се оствари за францускиот гигант ПСЖ, кој потврди дека Дезире Дуе заработил тешка повреда на десното колено, поради која ќе мора да паузира подолг период и најверојатно нема повторно да заигра во оваа сезона.

Медицинските прегледи покажале дека 21-годишниот офанзивец има скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено. Од ПСЖ соопштија дека фудбалерот ќе биде подложен на операција до крајот на месецот.

Ова е огромен удар за тренерот Луис Енрике, кој во нападот веќе не може да смета ниту на Квича Кварацхелија.