Македонија е меѓу репрезентациите со најмногу порази во 2026 година!

Македонската фудбалска репрезентација се најде меѓу селекциите со најмногу порази во текот на 2026 година, според статистиката објавена од специјализирана страна за податоци.

Според податоците, Македонија досега има забележано седум порази на девет одиграни натпревари во периодот од 1 јануари до 14 ноември 2026 година. Во оваа статистика се сметаат и дуелите од квалификациите за Светското првенство, плејоф-натпреварите, Лигата на нации и пријателските средби.

Македонија се наоѓа во иста група по бројот на порази заедно со Лихтенштајн, Чешка и Турција, но тие имаат одиграно различен број натпревари.

Повеќе порази од Македонија имаат само Сан Марино, Србија и Хрватска, кои се на врвот на оваа статистика со по осум загубени натпревари.