Јунајтед се распаѓа, Рома танцува на Олд Трафорд (ВИДЕО)
Гостите поведоа во 11. минута, кога Матијас Суле ја искористи загубената топка на Манчестер јунајтед и ја затресе мрежата на домашниот тим. Само седум минути подоцна Рома повторно го казни противникот. Ајден Хевен играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а Дониел Мален беше сигурен од белата точка за водство од 2-0.
За „црвените ѓаволи“ ова е нов сериозен удар во периодот на голема резултатска криза. Тимот на Мајкл Карик влезе во дуелот по девет натпревари без победа, а притисокот врз тренерот и екипата дополнително се зголемува.
Рома, предводена од Џан Пјеро Гасперини, пристигна на „Олд Трафорд“ во значително подобра форма и досега успешно ги користи проблемите во играта на домаќините.
Интересно е што Манчестер јунајтед ги добил сите четири претходни домашни дуели против Рома во европските натпреварувања. Италијанците сега се на добар пат да ја прекинат таа серија и да стигнат до голем триумф во Манчестер.