Зверев го презема врвот, па остро критикуваше: Тенисот оди во погрешна насока!

Александер Зверев, кој од понеделник ќе го преземе првото место на АТП-листата, остро го критикуваше тенискиот календар и порача дека овој спорт се движи во погрешна насока.

Германскиот тенисер говореше во Виена, откако обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот „Ерсте Банк опен“. Со тоа го потврди и враќањето на врвот на светската ранг-листа, каде што од 2 ноември ќе го замени Јаник Синер.

„Во еден момент сето ова станува бесмислено. Но, ова го зборувам веќе десет години и ништо не се менува“, изјави Зверев.

Германецот смета дека решението за проблемот со календарот е релативно едноставно, но дека тенисот, за жал, се движи во погрешна насока.

„Мислам дека во моментов играчите сè повеќе зборуваат за ова и го изразуваат своето незадоволство. Според мене, работите, за жал, се движат во погрешна насока“, порача Зверев.

Неговиот предлог е сезоната да биде пократка за две до три недели, со што тенисерите би добиле повеќе време за одмор и подготовка на своите тела.

АТП неодамна воведе пауза по Вимблдон и го намали бројот на задолжителни турнири од серијата 500 од пет на четири. Сепак, многу мастерс-турнири сега траат подолго, а тениската сезона и понатаму се протега на речиси 11 месеци.