Партизан застана кога беше најпотребно, Асвел ја прекина серијата порази (ВИДЕО)

По победата во дербито со Звезда во минатото коло, Партизан им се врати на поразите и вечерва во драматична завршница загуби кај Асвел со 82-75.

Домашниот состав подобро влезе во натпреварот и уште во почетните минути поведе со двоцифрена разлика (11-1). Но, гостите потоа се соземаа и со една серија го израмнија резултатот. Првиот период, сепак му припадна на Асвел со 22-19.

Предноста францускиот состав успеваше да ја одржува и во втората четвртина, па така на одмор замина со четири поени предност (36-32).

По враќањето на паркетот српскиот тим почна да игра подобро и на неколку пати тие го преземаа водството. Така, последната четвртина од мечот беше единствената која ја почнаа со предност (59-56).

Сепак, тоа не беше доволно за победа затоа што Асвел повторно ја презема контролата и беше подобар тим во клучните моменти, па на крајот и заслужено победи. Најефикасни кај победничкиот состав беше Милс и Вотер со по 14, додека за Партизан Хејс уфрли еден повеќе.

За Партизан ова е четврти пораз во осум одиграни натпревари сезонава во Евролигата. Асвел пак со овој триумф ја прекина низата од три порази.

Останати резултати:

Бешикташ – Олимпијакос 73-81

Хапоел – Ефес 118-88

Виртус – Жалгирис 74-91