Шортс блесна со 21 поен за Валенсија во дербито против Фенербахче

Црвена Звезда немаше милост за Макаби Тел Авив и славеше со 100-78 против Макаби Тел Авив, додека Панатинаикос ја совлада Олимпија Милано со 80-75, а Валенсија го реши Фенербахче со 86-78.

„Црвено-белите“ беа незапирливи за Макаби во првото полувреме, кога ја создадоа недостижната предност (55-30). Во вториот дел израелскиот тим се обиде да ја намали негативата, но на крајот загуби со 78-100.

Најефикасен кај Ц. Звезда беше Картер со 24 поени, пет скокови и три асистенции, додека Кларк запиша 19 поени и две асистенции за Макаби.

Панатинаикос и Олимпија Милано понудија одлична кошарка во Атина уште од самиот старт, а првата четвртина му припадна на италијанскиот тим со 19-18.

Грчкиот гигант го сврте резултатот во своја корист до крајот на првото полувреме (40-37), додека во вториот дел продолжи жестоката борба меѓу кошаркарите.

Посебно возбудливо беше во последните секунди од средбата, а фаворитот на крајот славеше со 80-75 против Милано.

Македонскиот репрезентативец Мозес Рајт го заврши мечот со девет поени, четири скокови и една асистенција, додека најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кевин Нан со 20 поени, два скокови и шест асистенции.

Валенсија тргна добро против Фенербахче и ја доби првата четвртина со 19-9, а ја чуваше предноста до крајот на првиот дел (36-25).

Екипата на американскиот кошаркар со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс продолжи да доминира во третата четвртина и дополнително ја зголеми предноста на 60-46.

Фенербахче се разбуди во последните 10 минути кога го внесе мечот во неизвесна завршница, но Валенсија не дозволи пресврт и славеше со 84-78.

Шортс ја предводеше Валенсија до победата со 21 поени, еден скок и три асистенции.

Фото: facebook/Valencia Basket Club