Стрела само на „Енфилд“: Мекалистер со уникатен подвиг испиша историја во ЛШ

Ливерпул славеше против Виљареал во последното коло од Лигата на шампионите, а еден од најдобрите на теренот во овој дуел беше Алексис Мекалистер. 

Аргентинскиот играч за врска постигна два гола, во 36. и 65. минута, со кои испиша нова страница во историјата на елитното европско натпреварување.

Мекалистер стана првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој сите осум гола во ова натпреварување ги постигнал на домашен терен.

Пред двата гола против шпанскиот тим, аргентинскиот репрезентативец се запиша во листата на стрелците и на дуелите со Реал Мадрид во 2024 и 2025 година, Болоња во 2024 година, како и Карабах, против кого погоди двапати во 2026 година, и Атлетико Мадрид во 2026 година, сите овие натпревари се играа на „Енфилд“.