Струга падна во Куманово, Башкими ги израдува Вардар и Шкендија!

Фудбалерите на Башкими приредија големо изненадување во 9. коло од ПМФЛ славејќи над Струга со 2-1.

Струга влезе како голем фаворит на натпреварот во Куманово, а со победа имаше и можност да се израмни со Шкендија на врвот на табелата. Сепак, Кумановци на свој терен стигнаа до вториот триумф во сезоната.

Не изгледаше дека ќе видиме изненадување кога Диако стрелаше за Струга во 26-тата минута и го отвори резултатот. Сепак, само осум минути подоцна Ор ги врати работите како на почетокот и израмни на 1-1.

Со по еден гол на паузата се замина на паузата. Се играше 51-та минута кога го видовме моментот на одлука, стрелец на победничкиот гол беше Малајмона. До крајот стружани тргнаа офанзивно, но не успеаа да дојдат ниту до реми.

Башкими така дојде до само седум освоени бода со кои повторно е претпоследен, додека Струга остана 17, колку што има и Вардар, Шкендија е лидер со 20.