Неверојатно: Несторовски постигнува гол на секои 78 минути оваа сезона!
Со двата голови против Риека, Македонецот стигна до вкупно девет погодоци на 10 меча на Славен Белупо во сите натпреварувања, односно постигнува гол на секои 78 минути.
Македонецот има реализирано пет од шест големи шанси досега, а исто така на натпревар упатува по 2,78 удари, додека просечна оценка од „Софаскор“ за досегашните настапи му е 7,43.
Несторовски и во минатото беше одличен во Хрватска, а во сезоната 2015/16 заврши како најдобар стрелец со 25 погодоци.
Фото: Facebook/NK Slaven Belupo