Винисиус имаше кошмарен викенд: По црвениот картон доби лоша вест во приватниот живот!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор зад себе има викенд за заборав. Откако доби црвен картон на натпреварот против Виљареал набрзо пристигна и веста дека повторно се разделил со својата партнерка, познатата бразилска инфлуенсерка Вирџинија Фонсека.

Винисиус беше исклучен по прегледување на ВАР-снимката, каде што судијата забележа дека Бразилецот го повлекол неговиот ривал за косата.

Проблемите за бразилскиот напаѓач, сепак, не завршија на фудбалскиот терен. Според информациите на бразилските медиуми, Винисиус и Вирџинија Фонсека повторно ставиле крај на својата врска.

Нивната романса веќе еднаш заврши во мај годинава, но во јули двајцата се смирија и повторно се појавуваа заедно во јавноста.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.