Стојчевски демантира дека се повлекува: Направиле лажен профил за да дезинформираат!

Македонскиот фудбалски судија, интернационалецот Игор Стојчевски, демантира дека се повлекува од активното делење правда, како што вчера беше објавено на социјалните мрежи. 

Стојчевски во реакција до нашата редакција вели дека објавениот статус со кој најавува повлекување е напишан од измислен профил на социјалните мрежи, што нема врска со него.

Статусот за повлекување не е напишан од мене, тоа е измислен профил, некој сака да ми наштети со тоа што е објавено. Нит сум го информирал претседателот за такво нешто ниту надлежните комисии. Не знам зошто се прави тоа, ама верувам дека тие што посакуваат да се повлечам се некои небитни ликови во македонскиот фудбал и општеството, вели Стојчевски.

Тој во април оваа година беше избран да учествува во новото издание на „Програмата за таленти и менторство“ на УЕФА за актуелната сезона, а неговото име стана актуелно откако на дуелот на младите селекции помеѓу Македонија и Русија досуди четири пенали.