Дрес на Џордан продаден за вистинско богатство - стана втор најскап во историјата!
Аукциската куќа од Пенсилванија наведе дека станува збор за црвениот гостински дрес со автограм на Џордан, а купувачот е идентификуван како Рон Фирман, инвеститор во недвижности од Мајами. Џордан го носеше дресот на 5 јуни 1998 година, кога Чикаго Булс ја победи Јута и го израмниле резултатот во финалната серија на 1-1.
Булс ја добија серијата во шест натпревари, со што Џордан ја освои својата шеста и последна шампионска титула како член на Куќата на славните. Сезоната 1997/98 подоцна беше тема на документарната серија „The Last Dance“, објавена во 2020 година.
Претседателот на „Hunt Auctions“, Дејвид Хант, изјави дека продажбата поставила нов стандард на пазарот на спортски колекционерски предмети.
„Иако значењето на Мајкл Џордан на пазарот на спортски колекционерски предмети одамна е утврдено, сега тоа достигна ниво на елитна класа на имот, во која обично спаѓаат иконични уметнички дела“, наведе Хант.
Цената од 14 милиони долари е втората највисока позната сума платена за дрес носен на натпревар. Рекордот го држи дресот на Бејб Рут од Њујорк Јенкис, кој во 2024 година беше продаден за 24,12 милиони долари.