Кошаркарите нема да бидат сами – ќе имаат гласна поддршка од Фалангата од Виена (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево на гостински терен против Австрија (16.05) ќе го почне вториот претквалификациски циклус за пласман на ЕП 2029, со желба за добра игра и голема победа со која ќе биде голем чекор поблиску до целта.

Жолто-црвените нема да бидат сами во Виена, со оглед што од трибините ќе имаат поддршка од стотина членови на Фалангата, која ја сочинуваат наши иселеници од цела Австрија. Тие се познати како фанатични навивачи, кои ја бодрат македонската селекција во сите спортови на големите натпреварувања. Се очекува нивниот глас и тапани да се слушнат и во „Спорт Арената“, што ќе биде мотив повеќе за избраниците на селекторот Берокал да дадат се од себе и да дојдат до драгоцениот триумф.

Во нашата група е уште и Кипар, кој пред неколку дена на домашен терен ја совлада Австрија. Пласман во квалификациите за ЕП 2029 обезбедува само првопласираната селекција во групата.