Бензема е бесен: Место засилување, стана голем проблем за Ал Хилал

Карим Бензема се наоѓа на списокот на фудбалери на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија.

Искусниот француски напаѓач пред само шест месеци пристигна во Ал Хилал од Ал Итихад, каде што дојде пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда. Ситуацијата очигледно во меѓувреме се промени. Во Ал Хилал сакаат да направат реконструкција на тимот, но во нивните планови повеќе нема место за Бензема, со што Французинот не сака да се помири.

Ал Хилал сака да го промени составот по сезоната во која не успеа да освои трофеј, а правилата за бројот на странски фудбалери дополнително го ограничуваат просторот за нови засилувања. Токму затоа Бензема се најде во проблем.

Клубот ова лето се обидел да му најде нов ангажман, но Бензема ги одбивал понудите бидејќи не сака да си замине.

Французинот е задоволен од условите во Ал Хилал, со кој има договор до следното лето, но клубот очигледно сака да се ослободи од неговите услуги. Односите како што се наведува меѓу двете страни се сериозно нарушени, а сега останува да се види кој ќе излезе како победник во оваа битка.