Рајо ограбен, Севиља уште во првото коло доби скандалозен пенал (ВИДЕО)

Севиља вчера во натпреварот од првото коло го победи Рајо Ваљекано со 2-1, со гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување, а еден момент од овој дуел уште веднаш предизвика дебата во Шпанија.

Андалузијците ги постигнаа двата гола од белата точка, а вориот пенал беше крајно дискутабилен. Дури многумина би кажале и дека нема место за полемика бидејќи тешко е да се види контакт помеѓу Лејун од Рајо и Роби Уре од Севиља.

Навистина е чудо тоа што во оваа ситуација не се огласи ниту ВАР собата да го поправи главниот судија на теренот.