Хрватска најдобра на кадетското ЕП во Гевгелија – Укиќ погоди луда тројка за победа (ВИДЕО)
Интересно е што двете репрезентации кои стигнаа до мечот за титулата беа противници на Македонија во групната фаза од шампионатот, кој во изминатите десет дена се одржуваше во Гевгелија и Скопје. Финалето понуди голема неизвесност до последните моменти, а хрватските кадети успеаја со тројката на Лука Лени Укиќ да дојдат до големиот триумф.

По завршувањето на финалето во салата „26 Април“ беа доделени медалите и индивидуалните признанија. За најкорисен играч (МВП) на Европското првенство беше прогласен хрватскиот репрезентативец Укиќ, а признанието му го врачи легендарниот македонски кошаркар Владо Илиевски. Тој Укиќ очекувано се најде и во идеалната петорка на шампионатот, заедно со сонародникот Никша Злопаша, Атли Харалдсон од Исланд, Мак Омеровиќ од Босна и Херцеговина и Берт Мартин од Естонија.
Бронзениот медал го освои Естонија, додека Исланд мораше да се задоволи со среброто по минималниот пораз во финалето.