Ѓуретановиќ заврши на 49. место на 400 метри во Париз

Македонскиот пливачки репрезентативец Никола Ѓуретановиќ го заврши настапот на Европското првенство во Париз, откако учествуваше во квалификациите на 400 метри која ја помина за време од 4:04.05.

Ваквото време беше доволно за да го освои 49. место од вкупно 55 пливачи кои се натпреваруваа во истата дисциплина. Во однос на победникот, Оливер Клемент, Ѓуретановиќ заостануваше 19 секунди.

Во Париз македонскиот репрезентативец се истакна во квалификациите на 200 метри каде што со исплива за 1:52.59 минути со што го урна рекордот на Александар Маленко поставен уште во 1996 година.