Емоции до небо во Бреда, цел стадион плачеше поради трагедијата на својот миленик (ВИДЕО)
Моментот поради кој овој дуел се најде во центарот на вниманието се случи по завршувањето на средбата кога целиот стадион изрази поддршка на фудбалерот Матс Сеутјенс и неговата партнерка Елба кои ја загубија новородената ќерка само неколку дена претходно.
НАЦ во средата ја објави тажната вест за смртта на бебето, нагласувајќи дека станува збор за загуба за која не постојат доволно силни зборови.
И покрај тешката семејна болка, Сеунтјенс само два дена подоцна одлучи да се врати во тимот и да заигра во дресот на НАЦ. По натпреварот следуваше емотивна сцена која длабоко ги потресе сите присутни.

Стадионските рефлектори беа изгасени, а на трибините заблескаа околу 20.000 светла. Навивачите останаа на своите места, пееја и на тој начин им покажаа на Матс и Елба дека не се сами во најтешките моменти. Целиот стадион беше осветлен во чест на малата Селин.
На трибините се појави и транспарент со порака: „Небото доби уште една мала ѕвезда.“
Матс и Елба излегоа пред навивачите, кои ги пречекаа со аплаузи, овации и песна. Емотивниот фудбалер во тие моменти не успеа да ги задржи солзите.
Zoveel meer dan voetbal.. 💛🖤#NACpraat pic.twitter.com/2IaY10Bg4Q
— NAC Breda 💛🖤 (@NACnl) August 14, 2026