Вардар со новo лице на клупата гостува во Струга, Шкендија сака да остане максимална!
Веднаш по поразот раководството се раздели со аргентинскиот тренер, Кристијан Фабијани, па тимот од клупата ќе го предводи досегашниот асистент Матија Мирков.
За очекување е да се видат и измени во составот во однос на стартните 11 што ги форсираше Аргентинецот, а како вардарци ќе изгледаат останува да видиме на теренот.
Интересно е што Вардар во европските квалификации и на почетокот на сезоната подобро игра на гости. Натпреварот се игра во терминот од 16:30 часот.
Свој натпревар денеска има и Шкендија која на теренот на ФФМ од 19:00 часот ќе биде домаќин на Брегалница. Тетовци ќе се обидат да дојдат до триумф со што по три кола би останале единствениот тим со максимален учинок. Брегалница пак во првите две кола забележа пораз и победа.