Само една ѕвезда на ПСЖ не вози луксузен автомобил, се појави со Смарт (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен можат да си дозволат практично секој автомобил што ќе го посакаат, па паркингот пред тренинг-центарот на францускиот гигант често изгледа како изложба на најскапите автомобили во светот.

Сепак, еден фудбалер целосно отскокнува од своите соиграчи. Шпанскиот репрезентативец Фабијан Руиз на тренинзите доаѓа со мал Смарт.

Вредноста на автомобилот на Руиз се проценува на околу 57.000 евра. Секако, ниту тоа не е мала сума за градски автомобил, но разликата станува огромна кога ќе се спореди со автомобилите што ги возат неговите соиграчи кои се по десетина пати поскапи.