Познат терминот на првиот меч на Ѓоковиќ на Синсинати

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ против Агустин Тиранте од второто коло ќе го почне турнирот во Синсинати, а организаторите го објавија терминот за натпреварот.

Организаторите соопштија дека Ѓоковиќ в сабота ќе излезе на теренот, а дуелот ќе се игра на централниот терен веднаш по завршување на мечот меѓу Зејнеп Сонмез и Аманда Анисимова, кој почнува во 17 часот.

Според програмата, Ѓоковиќ на теренот не се очекува да се појави пред 18.30 часот по македонско време.

Фото: Wimbledon