ПСЖ договори зделка од 55 милиони евра, а слави и Ливерпул!

Европскиот шампион Пари Сен Жермен во новата сезона ќе биде посилна и за Мика Готс кој пристигнува од Ајакс за сума од 55 милиони евра.ќе стане нов фудбалер на Пари Сен Жермен!

Ајакс претходно ги одби понудите од 45 милиони и 50 милиони евра, бидејќи Жорди Кројф инсистираше на сума од точно 60 милиони евра, а на крајот постигнаа договор за 55.

Ова е добра вест и за Ливерпул кој сега има отворен пат за ангажман на Бредли Баркола со кого се поврзува веќе подолго време.

Баркола според информациите веќе ги договорил личните услови услови со Ливерпул, но ПСЖ одбива да го продаде, бидејќи чека понуда од најмалку 125 милиони евра.

Се очекува „црвените“ сега да тргнат по Баркола, особено откако е јасно дека трансферот на Готс е сигнал дека Французинот повеќе нема место во тимот. Тој би требало да биде главното засилување во нападот, заедно со Виктор Муњоз, кој уште на почетокот на летото пристигна од Осасуна за 40 милиони евра.

Фото: Ajax/X