Луд подвиг: Двајца навивачи на Партизан купиле автомобил и патувале 24 дена до Казахстан!
Имено, тие поминаа 5.800 километри со автомобил од Белград и патуваа цели 24 дена, за синоќа да пристигнат и да ги бодрат „црно-белите“.
„Поминавме 5.800 километри. Одевме постепено. Тргнавме на 19 јули и ни беа потребни 24 дена. Уживавме додека стигнавме до Казахстан, а натпреварот беше круна на патувањето“ задоволен е Новица од остварената цел и победата на Партизан
Богдан откри и дека имале мали проблеми со автомобилот кој го купиле специјално за ова патување.
„Немавме многу проблеми со автомобилот. Малку се расипа кога пукна едно црево. Го решивме проблемот за еден час. Интересно е што автомобилот го купивме специјално за ова патување. Размислувавме да го оставиме таму, но сега веќе ни стана премногу драг, па ќе се вратиме со него“, истакна Богдан.
Имало предизвици и нервоза, но за среќа, големите навивачи на Партизан безбедно стигнаа до крајната дестинација.
„Сите народи беа братски настроени. На граничните премини имаше сè и сешто, но луѓето главно ни излегуваа во пресрет“, со насмевка заклучија двајцата навивачи