Тиквеш се засили за фудбалер кој играше и за Македонија и за Албанија!

Тимот кој најдобро ја почна новата сезона, екипата на Тиквеш се засили со уште еден фудбалер, станува збор за Бесар Гаџуфи.

Офанзивниот фудбалер ги помина сите младински селекции на Македонија, настапуваше и за националниот тим до 21, а потоа се одлучи да игра и за младинците на Албанија. 

„ГФК Тиквеш со задоволство го претставува Бесар Гуџуфи како ново засилување на црвено-белите!
Млад, талентиран и гладен за успех, Бесар пристигнува во Кавадарци подготвен за нов предизвик и ново поглавје во својата кариера.
Неговото доаѓање е уште еден чекор во нашата визија – да изградиме млад, амбициозен и конкурентен Тиквеш, со играчи кои сакаат да напредуваат и заедно со клубот да достигнат повисоко ниво“, стои во соопштението на Тиквеш.

22-годишниот фудбалер во Тиквеш доаѓа како слободен играч откако го раскина договорот со Партизани од Албанија.