Потребно е да платите за да гледате меч од најлошото првенство во Европа!
Црна Гора испиша негативна историја, оваа сезона екипите од оваа земја одиграа 10 натпревари во Европа и ги загубија сите 10.
Тоа беше тежок дебакл за црногорскиот фудбал кој го допре дното. Статистика со која не може да се „пофали“ друга земја.
Првенството на Црна Гора почнува денеска, а челниците на натпреварувањето одлучиле дека повеќето мечеви ќе може да се гледаат само преку посебна платформа со задолжителна регистрација по принципот плати па гледај (pay-per-view).
Сутјеска, Дечиќ, Морнар и Петровац во квалификациите во Европа дожвеаа десет порази, не освоија ниту еден бод, ниту еден коефициент за следната сезона.
Но, фудбалските власти на најлошото првенство во Европа, бараат пари за да може да погледнете некој меч.