Ракометот не видел вакво нешто: Еден тим даде 83 голови на меч од СП!

Кошарка ли е или ракомет, една репрезентација даде дури 83 голови на еден натпревар. Женската селекција на Египет го совлада Фиџи со 83-17 во меч од Светско првенство до 18 години.

100 голови на еден натпревар, а уште поимпресивно е дека дури 83 од нив се на една екипа.

Ракометарките на Египет до 18 години немаа милост за своите противнички, ја полнеа мрежата до врв постигнувајќи голови на секои 45 секунди.

Резултатот во првото полувреме беше 43-9, а во вториот дел египетските ракометарки дадоа уште 40 голови за конечни 83-17.