Македонија го совлада Исланд и ќе се бори за 13. место на ЕП Б-дивизија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација славеше против Исланд со 86-74 во разигрувањето и си закажа битка против Велика Биртанија за 13. место на Европското првенство (ЕП) во Б-дивизија.

Исланд имаше добар почеток на натпреварот и водство од 25-9, но Македонија во продолжение го сврте резултатот во своја корист, па на полувремето замина со предност од 44-37.

Македонија повторно имаше проблеми на почетокот на вториот дел, а тоа Исланд го искористи за да намали на 54-55. Во завршницата, нашите кошаркари заиграа подобро и ја обезбедија победата.

Ѓорѓевиќ беше најефикасен во редовите на Македонија со 18 поени, пет скокови и две асистенции, додека Цветковски постигна 17 поени.

Македонија утре од 11.30 часот ќе се соочи против Велика Британија во борбата за 13. место на ЕП Б-дивизија.

Фото: КФМ