Урош Медиќ е неверојатен, спектакуларна победа на УФЦ настанот во Белград! (ВИДЕО)

Српскиот борец, Урош „Доктор“ Медиќ имаше фантастичен настап на првиот УФЦ настан одржан во Белград, тој за само 30 секунди го нокаутираше Даниел Родригез.

Мечот меѓу Урош Медиќ и Даниел Родригез беше главната борба на УФЦ настанот кој се одржа во Србија.

Во преполната арена домашната публика виде неколку свои борци, а главното шоу беше на крајот кога се појави најглемиот, Урош Медиќ.

Тој на спектакуларен начин го победи Родригез и предизвика делириум во салата која долго го скандираше неговото име.

Урош Медиќ во УФЦ има 13 победи и три порази, во говорот по победата најави дека сака да го донесе шампионскиот појас во Србија. Полека се промовира во елитен УФЦ борец, па се чини дека неговата цел е достижна.