УЕФА: Ја изгубивме довербата во раководството на ФИФА

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави ново соопштение откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се повлече од идејата да продава удел во Светското првенство (СП) на приватни инвеститори.

УЕФА ја поздрави одлуката на ФИФА, но притоа посочи дека ја загубила довербата во раководството на Светската фудбалска федерација.

„УЕФА ја поздравува одлуката на ФИФА да се повлече од планот за продажба на удел во своите натпреварувања, меѓу кои е и Светското првенство. Сепак, не може да продолжиме вака, со тајни планови кои сакаат да ги реализираат по забрзана постапка. Мора да утврдиме кој е одговорен за оваа ситуација. Ја изгубивме довербата во раководството на ФИФА“, соопштија од УЕФА.