ПСЖ не запира: Енрике го сака херојот на Шпанија од Мундијалот

Францускиот и европски шампион ПСЖ продолжува со активностите на трансфер-пазарот и веќе го контактирал кампот на Феран Торес. Според информациите, екипата сака да го добие потписот на шпанскиот репрезентативец ова лето.

Конечната одлука ќе зависи од самиот фудбалер затоа што Барселона во моментов нема намера да го продаде Торес, па единствен начин да го напушти каталонскиот тим е доколку самиот побара трансфер.

ПСЖ во меѓувреме го комплетира трансферот на Магнес Аклиуш, а во завршни преговори е со Мика Годтс.

Фото: PSG - Paris Saint-Germain