„Бомба“ од Мадрид: Реал договори засилување од 65 милиони евра

Шпанскиот гигант Реал Мадрид повторно е активен на трансфер-маркетот, а најново засилување треба да биде шпанскиот репрезентативец Родри.

„ЕСПН“ објави дека „кралскиот клуб“ постигнал договор за трансфер на Родри, а за неговите услуги ќе плати 65 милиони евра.

Преговорите меѓу двете страни траеле со недели, поради што се одложи трансферот, меѓутоа деталите конечно се договорени.

Тренерот Жозе Мурињо од првиот ден во Мадрид инсистирал на ангажирање на Родри, а претседателот на Реал, Флорентино Перез решил да му ја исполни желбата.

Фото: Real Madrid C.F.