Македонија се бореше храбро, но загуби од Шведска на ЕП
Македонија имаше лош почеток на натпреварот, по кој успеа да се соземе во завршницата на првото полувреме и да стигне до негатива од минус два (16-18) пред паузата.
Шведска успешно го чуваше водството во вториот дел, иако Македонија се обидуваше да го скрши отпорот на ривалот, но на крајот нашите кадети загубија со 29-33.
Трајче Костов и Горазд Дамчевски постигнаа по осум голови за Македонија, додека Филип Пастуховиќ запиша шест погодоци за Шведска.
Македонија претходно на турнирот загуби од Словенија и Франција.
Фото: Ракометна Федерација на Македонија