„Бомба“ од Островот: Винисиус се договорил со премиерлигаш!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор наводно ќе го напушти Реал Мадрид ова лето, а негова следна дестинација во кариерата би можел да биде англискиот шампион Арсенал.

Британски „Сан“, но и неколку други медиуми објавија дека Винисиус ги договорил личните услови со „топчиите“.

Вредноста на Винисиус во моментов се проценува на неверојатни 140 милиони евра, но засега не е познато колку пари е подготвен да плати Арсенал.

Винисиус за „кралевите“ досега одигра 375 натпревари, а постигна 128 голови и 100 асистенции.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol/FIFA