Шпанија и Португалија се заканија со бојкот на СП 2030
Шпанија и Португалија требаше да бидат домаќини на СП 2030, но тие наводно се подготвени да се откажат од организацијата доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино не се откаже од планот на приватни инвеститори да им продаде меѓу 20 и 30 отсто од уделот во комерцијалните права.
Оваа идеја веќе ја одбија сите членки на УЕФА, како и сојузите на Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ.
Првиот чове на ФИФА во исто време работи на проширување на Мундијалот на 64 репрезентации од 2030 година.