Крај на драмата: Мудрик се враќа во Челси по допинг-скандалот! (ФОТО)

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик повторно се враќа во акција откако случајот со допингот доби расплет. Тој е повторно слободен да игра фудбал, откако неговата постапка за допинг-скандалот е завршена.

Мудрик, кој беше надвор од фудбалските терени поради позитивен тест на мелдониум во мала концетранција, ја прифати и отслужи казната. Тоа значи дека веднаш добива право за настап и може да му биде на располагање на премиерлигашот, но и на украинската репрезентација.

Според информациите, Мудрик ќе се приклучи на подоготовките за новата сезона со тренерот Чаби Алонсо.

„По долгата борба, четиригодишната забрана која ми беше изречена е укината и слободен сум веднаш да ја продолжам кариерата. Благодарен сум што овој процес конечно заврши, што добив дозвола да се вратам во фудбалот и што сега можам да гледам кон иднината. Ова беше најтешкиот период во мојата кариера“, кажа Мудрик.

Фото: www.chelseafc.com