ФИФА се брани: Никој не планира да го продаде фудбалот!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) реагираше на острите критики кон планот за продажба на удел во своите натпреварувања на приватни инвеститори и посочи дека ќе продолжи со процес на консултации.

Сите 55 членки на УЕФА во четвртокот најавија бојкот на Светското првенство (СП) ако ФИФА го реализира својот план.

ФИФА имаше намера да создаде комерцијална филијала која би управувал со клучните натпреварувања, меѓу кои се и Мундиајлите, а притоа приватни инвеститори ќе можеле да купуваат удели во нив.

За да биде прифатен предлогот треба да гласаат 106 од 211 членки на ФИФА, но со оглед на тоа дека УЕФА и КОНКАКАФ заедно имаат 96 сојузи кои се противат на планот, резултатот на гласањето е неизвесен.

ФИФА соопшти дека не планираат „да го продадат фудбалот“, како што беа обвинети од другата страна и ги критикуваа медиумите за изнесување на неточни информации во јавност.