„Земјотрес“ во ФИФА: Близок соработник на Инфантино поднесе оставка!

Советникот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Карлос Кордеиро, кој ја претставуваше организацијата во работната група во Белата куќа за Мундијалот, си поднесе оставка поради планот за продажба на удел од натпреварувањето на приватни инвеститори.

Поранешниот банкар на компанијата „Голдман Сакс“ поднесе оставка и испрати кратка порака по неговото повлекување.

„Да бидам јасен. Немав никакво учество во овој предлог и сум против истиот. Фудбалот е централен ден од мојот живот, а по повеќе од 35 години во банкраството, ја разбирам вредност на спортот. Поради тоа сметам дека предлогот треба да се отфрли. Организацијата има милијарди долари резерви и никакви долгови. Продажба на удел во највредниот имот на фудбалот би донел 4,2 милијарди долари и тоа нема премногу смисла. Ова е на штета на фудбалот“, објави Кордеиро.